Наместо сметка во сандаче, полиција на врата: Двојка трошела струја колку цел град


Италијанскиот снабдувач со електрична енергија ЕНЕЛ открил во Доло кај Венеција дека сметката за струја пораснала повеќе од 1000 отсто.

Којзнае уште колку долго Кристина Миклчиќ (26) од Загреб и Масимилијано Реални (39) од Белун ќе го зголемувале домашниот буџет со добивката што ја остваруваат од домашниот бизнис ако ЕНЕЛ не реагирал на наглото зголемување на потрошувачката на струја за повеќе од 1000% во нивниот дом во местото Доло во близина на Венеција.marihuana

Електродистибутерот им испратил на сопружноците полиција со налог за судски претрес, а за само три недели судот во Венеција ги осудил Реални на две години и девет месеци затвор, а загрепчанката на осом месеци зад решетки.

Во претсресот на станот зад орманот во слапната соба карабињерите пронашле стакленик со 19 садници индиски коноп, кои се грееле со лампи.

Комплетна опрема за одгледување марихуана имале во винскиот подрум во приземјето на зградата каде што зад лажен ѕид бил скриен уште еден стакленик со седум стебленца во одмината фаза на сушење.

Полицајците пронашле и илјадници евра за кои се претпоставува дека се заработени од препродажба, а им биле одземени и неколку десетици грама трва и хашиш.

На судењето двајцата изјавиле дека во меѓувреме се вратиле на вистинскиот пат и престанале да го кршат законот.

Се претпоставува дека илегалната мануфактира работела најмалку половина година.

Интересно е дека додека карабињерите на улица пред зградата го претресувале Реални, Кристина видела и набрзина ги исклучила сите светилки и греалки обидувајќи се да ја сокрие марихуаната чијшто мирис се чувствувал уште на скалите во влезот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1