Наместо свежо млеко, пиеме кондензирано


Млекарниците во државава бараат зголемен увоз на евапорирано млеко од земјите во Европската Унија бидејќи свежо млеко на пазарот нема. Евапорираното или кондензирано млеко не е млеко во прав, туку згуснато млеко, од кое е извадено околу 60 отсто од водата, а се користи за преработка на млечни производи.

bimilkОд млекарниците велат ваквото дехидратизирано млеко не е со намален нутритивен квалитет, туку им овозможува да го надополнуваат дефицитот на домашно млеко и да ги намалуваат трошоците за транспорт на увезена суровина. Дека има недостиг на суровина, потврдуваат и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од таму велат дека токму поради намаленото домашно производство млекарниците работат со намален капацитет. Барањето за зголемен увоз од страна на млекарниците не го коментираат, пишува Дневник.

– Точно е дека во моментов има недостиг на свежо млеко на пазарот и млекарниците бараат килограм повеќе за откуп. Причината е, најверојатно, намалената продукција – вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна. – Недостигот на квалитетно сурово млеко во Македонија не е новина, тој проблем се провлекува со години. Посебно во сезоните кога постои поголем дефицит на домашно млеко, може да се премине кон увоз на висококвалитетно евапорирано млеко, пред с`, поради сезонските варијации во млекопроизводството и набавката на домашна суровина – вели Златко Најдовски, генерален директор на битолската млекарница. – Откупот на сурово млеко во Македонија е меѓу 80 и 100 илјади литри на ден. Ние повремено увезуваме евапорат една цистерна неделно или на две недели. Значи, на 100 илјади литри дневно откупено млеко, увезуваме 20 илјади литри евапорат неделно. Не е тоа големо количество. Во Грција 80 проценти од суровото млеко е евапорат набавен од ЕУ – рече Петровиќ.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1