Наместо традиоционален протест, во Македонија само симболичен собир


mitreski-plostad500tyjnr65u65u65ut6rjhtre

Симболично со собир наместо со протест, Сојузот на синдикати денеска го одбележа денот на трудот. Со штандови на плоштадот во Скопје и свечена седница, првиот човек на ССМ даде оценка за работата од кога тој е на челната позиција.

На новинарските прашања дека макар и симболично денеска се протестира во многу европски земји Митревски одговори дека и со преговарање и договарање може да се постигне целта, метод кои тие го разаработиле и не морало да се протестира по секоја цена.

Митревски се пофали и со минималната плата која ја препиша како заслуга на ССМ, објаснувајќи дека таа е за 98 отсто зголемена од кога тој е претседател на ССМ.

„Различни се проблемите кои ги имаат државите различни се стратегиите на синдикатите. Нашата стратегија и водењето на вакви кампањи и унапредувањето на социјалниот дијалог покажа дека и со преговарање и со договарање можат да се постигнат резултати, а еве гледате дека сме излезени денес и гледате дека сме на улица. Оваа наша стратегија е подобра од колку еден ден на улица“, рече Митревски.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1