Разбојник со нож нападнал постара брачна двојка во Прилеп. Половина час по полноќ во полициска станица Ќ.Д.(77) од Прилеп, пријавил дека синоќа околу 21:30 часот непознат сторител тропнал на прозорот од собата, при што Ќ.Д. ја отклучил влезната врата, а сторителот се втурнал во салонот и почнал да ги удира него и сопругата со тупаници во пределот на главата.
Потоа сторителот извадил нож кој го ставил под грло на сопругата и со истргнување и ги одзел златните обетки од ушите, прашувајќи ја каде се парите.
Ќ.Д. му кажал дека има пари во гаражата, при што разбојникот му го одзел мобилниот телефон и отишол во гаражата од каде одзел 540 денари и побегнал.
Од страна на УПС од ПС-Прилеп, веднаш се преземени мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на сторителот. Утврдено е дека се работи за лицето З.Р.(19) од Прилеп и набргу потоа тој е лоциран и приведен во ПС Прилеп.