Нападната скопјанка од четири улични кучиња


Триесетгодишна скопјанка А.А. била нападната од четири кучиња од непозната раса во село Долно Соње.

Нападната била во петокот околу 16.30 часот кога едно од кучињата ја каснало за левата нога нанесувајќи и видлива повреда.

А.А. се упатила во болницата „Св. Наум Охридски” каде и била укажана лекарска помош, а случајот во полиција бил пријавен вчера попладне, соопшти МВР во дневниот билтен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1