Вработена во билетарница на ЈСП на ул. „Жан Жорес“ во Скопје синоќа била нападната од засега непознат сторител, соопшти МВР
Напаѓачот околу 19.30 часот на ул. „Жан Жорес“, поточно во билетарата на ЈСП бр.15 непознат сторител извршил разбојништво во обид над неа.
Вработената З.Л. (59) околу 19:30 часот ја отклучила и отворила влезната врата на билетарницата со намера да си замине, но била пресретната од напаќачот кој ја фатил за врат и ја турнал внатре. З.Л. пружила отпор, а напаѓачот ја фатил за коса и ѝ ја удрил главата од рамката на вратата, по што почнала да бара помош. Соседите од соседните станбени објекти слушнале, ги вклучиле светлата од дворовите и излегле надвор, по што сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, информира МВР.