Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно лице на улица „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Случајот во Полициската станица Бит пазар го пријавил таткото на седумнаесетгодишното момче на 23 април.
Според пријавата момчето било нападнато во 20 и 45 чаасот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ при што непознатите лица го удирале со боксови во пределот на главата.
Се работи на целосно расчистување на случајот.