Во општина Карпош денеска во попладневните часови момче било нокаутирано среде улица од засега непознат насилник кој веднаш го напуштил местото на настанот.
Настанот се случил во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.
Момчето се здобило со сериозни повреди во пределот на главата и итно било пренесено во Ургентниот Центар.
– Пациентот е во тешка здравствена состојба со сериозни повреди на глава и е однесен во ургентниот центар, велат од Брзата помош за Слободен печат.
МВР го потврди случајот