Направете сами: Природен спреј за замрсена коса


Овој спреј е идеално решение за сите мајќи чии девојчиња не сакаат да се чешлаат бидејќи ги боли, а сето тоа заради замрсената коса. Еве како да направите спреј за замрсена коса.

sise-rasprskuvac-564x272Потребни состојки:

  1. Едно големо шише со распрскувач
  2. 1,5 чаши дестилирана вода
  3. 3 лажици корен од слез
  4. 2 лажици регенератор за коса по избор
  5. 10 капки етерични масла по избор

Коренот од слез полиете го со водата и ставете го да зоврие во помал сад, намалете ја температурата и оставете да се врие 20-30 минути.

Потоа оставете ја течноста да се излади па исцедете низ густа газа. Додека течноста е сеуште топла ставете ја во шише со распрскувач, додадете го регенераторот и етеричните масла па добро измешајте.

Спрејот за коса нанесувајте го после секое миење.

Вака подготвениот спреј можете да го користите два месеци.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1