1. Освежувач за воздух во тегла
Потребно ви е:
- Тегла
- Тенџере
- Вода
- Овошје, тревки и зачини по избор
Начин на подготовка:
Исечете го саканото овошје и ставете го во тегла со вода. Додадете ги и зачините и тревките што ги избравте. Вака подготвената тегла чувајте ја во фрижидер или во замрзнувач максимум 2 недели.
Пред употреба, префрлете ја смесата во тенџерче и оставете ја да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете ја да вари на тивко. Миризбата ќе се рашири насекаде низ вашиот дом.
Можете да подготвите повеќе различни тегли и да ги чувате во фрижидер за да ги имате секогаш кога ќе сакате да го размирисате домот.
По употреба можете да ги вратите состојките заедно сосе водата во тегла и да го реупотребите миксот уште 2-3 пати. Водата малку ќе се замати, но помирисајте секогаш пред употреба, и ако е во ред, употребете го повторно истиот освежувач. Додавајте вода според потребите за да не добиете спротивен ефект на мирис на загорено.
Што можете да употребите: портокали, лимони, лимета, ананас, пеперминт, розмарин, екстракт од кокос, стапчиња цимет, ѓумбир, ванила, екстракт од бадем, каранфилче, нане, мајчина душица.
2. Освежувач за воздух во спреј
1 чисто шишенце со спрејПотребно ви е:
- 1 лажица сода бикарбона
- 500 мл дестилирана вода
- Есенцијално масло или мирис по ваш избор (10 капки)
Начин на подготовка:
Ставете ја содата во сад и додадете го есенцијалното масло. Измешајте ги состојките со виљушка. Со инка пресипете ја смесата во шишенцето и потопете ја со дестилираната вода. Истресете го шишето секојпат пред употреба.Овие домашни освежувачи за воздух се одлични за да ја одржувате пријатната миризба во домот и не само што нема да ве чинат многу пари, туку и ќе бидете сигурни дека не распрскувате хемикалии кои може да бидат штетни по вашето здравје.