Направете си дома медено срце – Рецепт


Состојки:
• ½ кило­грам бра­шно
• 300 гр шеќер
• 300 мл млеко
• 18 лажици мар­ма­лад
• 2 мали лажици сода бикар­бона
• 2 мали лажици цимет
• 300 гр чоколадо

medeni srcaПодготовка:

за тесто
Се мешаат ½ кило­грам бра­шно, шеќер, млеко, 10 лажици мар­ма­лад, сода бикар­бона и цимет. Тестото се пре­по­ло­вува и се става во тава за печење. Малку се запе­чува и потоа се става филот.

за фил
Во дла­бок сад се ста­ваат 200 гр чоко­ладо и 8 лажици мар­ма­лад. Садот се става на уме­рен оган и сме­сата се вари додека не се истопи и не стане хомегена.

Откако ќе го ста­вите филот, поста­вете ја и вто­рата поло­вина од тестото и ово­јпат испе­чете до крај. Се пече 20–25 минути на темпе­ра­тура од 180℃.

На кра­јот, може да деко­ри­рате со гла­зура од чоко­ладо (рас­то­пете го пре­о­ста­на­тото чоколадо).

Серви­рање: кола­чот можете да го исе­чете на пра­во­а­го­лници или ако сакате пот­по­лно дожи­ву­вање, иско­ри­стете калапи во облик на срце и напра­вете ги кола­чите токму во форма на нив­ното име.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1