Германската компанија “Твинкинд” ви овозможува на 3Д принтерот да направите своја минијатурна копија, како и статуетки на членовите на вашето семејство и домашните миленичиња – сето тоа исклучително прецизно и со сите детали.
Фигурите со димензија 15-35 см кои можат да се купат по цена од 300-1.700 евра, толку веродостојно ги прикажуваат своите модели, што тоа е дури помалку вознемирувачки.
На нив е овековечено се – почнувајќи од изразот на лицето, преку фризурите, па се до слоевите и наборите на облеката, при што боите се многу живи и природни.
Компанијата “Твинкинд” со седиште во Хамбург ја основале Кристина Нојор и Тимо Шедел на кои како инспирација им послужи токиската продавница “Омоте”, “прва 3Д фото-кабина во светот”.
Тие се вљубиле во фигурите кои “Омоте” ги прави и се посветија на проучување на нивната производна технологија.
Сакаа да направат што пореалистични фигури, а при тоа машината да ги скенира клиентите, а не лица со камера, како што е тоа случај во “Омоте”, каде моделите понекогаш мораат да позираат и по 15 минути.
После многу експериментирања го усовршија системот кој овозможува фотографирање на субјектот во дел од секундата слично како камера која дава слика од 360 степени.
Постојат извесни ограничувања- не се препорачува носење ткаенина како што е свила, тул или шифон, затоа што тие пречат во работата на софтверот за скенирање. Очилата исто така морате да ги извадите, но “Твинкинд” подоцна ќе ви ги направи по дигитален пат. Се друго е дозволено.
Кога процеост на скенирање е завршен, “Твинкинд” ја претвора дигиталната фотографија во физички објект со помош на 3Д печатач.