Иако не изгледа на прв поглед како панцир ова елегантното машко сако на сликите може да го спаси животот на човекот кој го носи. Направено е од истите ткива од кои се прават најновите модели на панцири. Во поставата има неколку слоеви на материјал врз основа на јаглеродни наноцевки, полесни и пофлексибилни од вообичаениот кевлар.
Оклопното сако успешно запира куршуми Colt 45 и 9 мм, а исто така и ве одбранува и од прободување. За време на тестовите лично шефот на производителот на облека Garrison Bespoke го облекол сакото и ги натерал своите соработници да пукаат и да го прободат со нож. Цената на палтото е $ 19 160 .