ТомТато е растение кое со вкрстување на домати и компири раѓа истовремено и домати и компири во коренот.
На стеблото растат и до 500 мали чери домати, а и приносот на компир во коренот е задоволителен. Веќе е во продажба во Велика Британија од страна на фирмата Томпсон и Морган – цената му е 14.99 фунти.
– Ова е 100 проценти природно, не генетски модифицирано растение, вели научникот Мајкл Пери. Вакви успешни обиди на калемење на домат на компир имало и порано во Велика Британија, но фирмата Томпсон и Морган велат дека е ова е првиот комерцијален производ.
-Беше многу тешко да се одгледа ТоmTato затоа што коренот на доматот и на компирот мора да бидат со иста дебелина за да може да успее калемењето. Се работи за операција за која е потребна голема стручност. Може да се одгледува во затворен и отворен простор.