Направија реална барбика – има бубуљици, целулит … (Фото)


Уметникот Николај Лам ја создаде Лемили, кукла што е дизајнирана да личи на просечна 19-годишна американска жена. Неговата цел е да понуди алтернатива за Барби и за други модни кукли што промовираат нереални стандарди за убавина

01zab

Кукла со просечна убавина, која има акни, па и стрии и целулит, е пуштена во продажба. Уметникот Николај Лам од Питсбург, кој има 26 години ја создаде Лемили, која е дизајнирана да личи на просечна 19-годишна американска жена. Неговата цел е да понуди алтернатива за Барби и на други модни кукли што промовираат нереални стандарди за убавина.

– Мислам дека реалните пропорции на куклата се важни. Кога ќе ги погледнам куклите во маркетите, не можам да не забележам колку се непропорционално направени – вели Лам.

barbi555

Куклата е висока 28 сантиметри и е достапна на Lammily.com за 25 долари. Oблечена е во тексас-кошула, џинс-шорцеви и бели патики. Ќе се продава и облечена во повеќе стилски комбинации инспирирани од Њујорк, Лондон и од Париз. Како нејзини додатоци се продаваат лепенки во форма на акни, целулит, пеги, бенки, лузни, модринки, каснувања од комарец и други недостатоци.

РЕАЛНИ ПРОПОРЦИИ

Откако Лам во март ја почна кампањата, повеќе од 13.621 поддржувач нарачаа повеќе од 19 илјади кукли, што вкупно чини околу 501.384 долари. Секој модел има просечни пропорции на 19-годишно девојче, со малку шминка и со еластични зглобови. Засега неговиот проект се покажа успешен, а тој планира да го прошири опсегот на кампањата „Прифати ја различноста, од раса до форма на тело“.

barbi 33
Според Лам, Барби и куклите слични на неа имаат многу нереални димензии во споредба со реалните човечки тела.

Исто така, просечната висина на девојките е скромни 163 сантиметри, додека Барби е дизајнирана со висина на супермодел, односно во размер што одговара на 173 сантиметри. Благодарение на нејзините ултратенки пропорции, се проценува дека, ако Барби беше човек, ќе тежеше 49 килограми, што значи ќе беше анорексична.

barbi666

ПОЗИТИВНА СЛИКА ЗА ТЕЛОТО

Лам со новата барбика сака да промовира позитивна слика за телото кај децата.
– Сакам да ја покажам просечната убавина. Наместо да чекам некогаш тоа да се случи, решив јас да ја направам промената. Сметам дека на тој начин девојките ќе бидат посреќни, посилни, полни со самодоверба и горди на своите тела – вели Лам.

barbi444

Целта е децата да се стремат кон нешто ново и реално.
Публиката засега ја поддржа иницијативата на Лам.
– Ова е прекрасно. Лемили изгледа исто како мене. Ти благодарам што направи да се чувствувам убаво. Едвај чекам да си ја купам – ова е коментар на едно девојче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1