Возможно е сами да си го подготвите неизбежниот зачин Вегета. Овој рецепт е без појачувачи на вкусот или било какви други додатоци кои се штетни. Идеален е за сите оние кои имаат печка на дрва, бидејќи зеленчукот бавно се суши. Пробајте и ќе се уверите дека нема разлика во вкусот од онаа која ја купувате во продавниците.
Потребно:
3 средно големи моркови
2 средно големи парчиња пашканат
1 мало парче праз
½ корен од целер
½ црвен кромид
2 парчиња лук
Една шолја магдонос
1 компир
густин
сол
Подготовка:
Измијте го зеленчукот и исецкајте го ситно.
Во сад за печење ставете мрсна хартија за печење.
Измешајте го зеленчукот и поставете го рамномерно во садот.
Сушење
За да се исуши зеленчукот, потребни се 10-12 часа, во зависност од печката – некои се послаби, а некои појаки. Во поновите рерни, зеленчукот може да се исуши и за околу 6 часа. Поради ова, од време на време проверувајте ја рерната и сами ќе заклучите кога зеленчукот е сув.
Еве на што треба да внимавате во зависно од печката во која ќе се суши зеленчукот:
Печка на дрва:
Доколку постојано ја ложите печката, таа нека биде постојано отворена. Доколку пак зеленчукот го ставите преку ноќ кога печката не е толку јака, тогаш оставете ја полуотворена.
Проверувајте почесто и ќе видите кога зеленчукот е исушен.
Рерна на струја
Вклучете ја рерната на 70 C и оставете ја подотворена за да излезе влагата. По неколку часа намалете ја топлината во рерната на 50 C и продолжете со сушење.
Кога зеленчукот е сув, додадете:
1 лажичка густин околу 200 грама сол, или пак по желба (ставајте малку по малку и проценете сами колку сол ви е доволно) Посолениот исушен зеленчук дополнително иситнете го во блендер или мелница за кафе.