Лиз Вал, водителка на вестите на Раша тудеј од Америка, дала отказ за време на вестите во живо, бидејки не сакала да работи за телевизија која ја финансира руската влада и тера пропаганда против САД и цензурира информации.
Таа, при крајот на емисијата зборувала за етичките и моралните предизвици со кои се носела работејки за Раша тудеј.
Споменала дека нејзиното семејство во Америка стигнало бегајќи пред советските сили 1956. година во текот на унгарската револуција. Потоа, рекла дека е ќерка на американски ветеран и партнерка на доктор во американската воена база.
– Тоа е личната причина зошто повеќе не можам да работам на оваа мрежа која ја финансира руската влада и која ги заташкуваше акциите на Путин, рекла водителката.
При гостувањето на CNN во второто видео таа открива дека и биле исфрлени цели прашања од интервјуа, дека текстовите кои се објавувале на телевизијата биле диригирани од менаџментот и дека се водела вистинска кампања против Америка и Украина.