Метеоролозите најавуваат пеколни температури во недела и наредните денови, коишто во понеделник може да достигнат и до 37 степени Целзиусови.
Земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, па дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ветровито и претежно сончево ќе биде во понеделник.
Од вторник повторно ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, особено во планинските региони и ќе започне да дува претежно северен ветр.
Во среда и четврток се очекува ќе биде променливо и нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во попладневните часови. Тогаш дневната температура на воздухот ќе опадне за околу 6 степени.