Народот ги продава златните пломби за да преживее


zlatni plombi zabar

Се поголемата криза и сиромаштија ги приморува луѓето поради пари да работат се, а во последно време, многумина се обидуваат да го продадат златото од забите, како на тој начин би си ги платиле сметките и би си обезбедиле себе си да преживеат!

Многумина се одлучуваат на ваков чекор и покрај тоа што за златото од забите можат да добијат само од 30 до 35 евра.

Продажбата на златото во златарите пак е намалена за цели 50 проценти, а во голем дел во нив, газдите се приморани да отпуштаат луѓе.

plomba zlatnaПокрај златото во забите, граѓаните сакаат да продадат секаков накит, а притоа мораат да полнат документ со лични податоци, за да се биде легално.

Полицијата често по ограбувањето на поедини златарници, проверува дали украденара роба се препродава.

Секое парче злато мора да има три жига, и тоа чистота на златото, кој е производителот и заводот за мерка на драгоцениот метал. На тој начин може да се утврди далис станува збор за украдена роба или не.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1