Како и Римското царство и цивилизацијата на Маите пред нас, модерниот индустриски свет каков што го познаваме денес, би можел исто така да исчезне, се вели во студијата на Центарот за вселенски летови Годард на Американската вселенска агенција НАСА
И порано постоеја разни предвидувања за крај на светот, но овој пат „неповратниот крах“ на индустриската цивилизација, го најавуваат сериозни научници кои своите истражувања ги темелат на моделот „ХАНДУ“ (Хјуман анд Натурал Динамикал).
Проектот кој го предводел математичарот Сафа Мотешари, идентификувал елементи кои довеле до исчезнување на древните цивилизации, а тоа се: населението, климата, водата, економијата и енергијата.
Кога со комбинација на тие фактори се генерираат круцијалните социјални функции, тогаш неминовно доаѓа до крах, наведуваат научниците.
-Оскудицата на ресурси предизвикана со притисокот на екологијата и економската стратификација на богатите и сиромашните, отсекогаш имале централна улога во процесот на распадот. Бар така било во последните пет илјади години, се вели во студијата, чии резултати ги пренесува британски Гардијан.
-Процесот на „успони и падови“ е циклус кој во историјата се повторува, се вели во текстот, кој ќе биде објавен во весникот „Екологикал Економикс“.
Имено, огромната експлоатација на неодржливите ресурси, нееднаквата распределба на богатствата и прекумерната потрошувачка на ресурсите, би можеле да доведат до колапс на индустриското општество во рок од само неколку децении, предупредуваат од НАСА.
За да се избегне катастрофата, експертите препорачуваат намалување на економските нееднаквости, за да се обезбеди правилна распределба на ресурсите, штедење на ресурсите како и намалување на растот на населението во светот.