Полицијата во Канзас Сити, САД, откри подземно предградие што го користат бездомници. Имало цела мрежа на тунели во кои бездомниците живееле.
Подземниот град е полн со тунели, премини, подземни улици… Населбата случајно била откриена поради зголемениот криминал и фактот што на полицијата и било сомнително што на купче има дрва, облека и лонци – испитала и под нив нашла влез во тунелот.
Не се знае кои луѓе го користеле, а властите се прашуваат и како бездомници успеале да ископаат толку длабоки тунели. внатре се најдени душеци, гардероба, лонци и чинии.