Нашол 5.640 евра на улица и ги предал на полицијата


Млад Романец на улица во Темишвар, пронашол во ќесе 25.800 леи (речиси 5.640 евра), и ги предал во полиција, објавија романските медиуми.

Чесниот пронаоѓач е службеник во Центарот за превенција и помош на наркозависници. Тој ги нашол парите на Плоштадот на слободата и им ги предал на властите, кои успеале да го пронајдат лицето кое го изгубило ќесето.

Момчето изјавило дека ниту во еден момент не помислил да ги задржи парите за себе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1