Мануел Реј Гонзалес од Ла Коруња пронашол добитна среќка вредна вртоглави 4,7 милиони евра и ја вратил на лотаријата.
“Да ја задржев среќката, совеста не би ми допуштила да спијам. Во ниеден момент не добив напад да ја земам”, кажа тој и додаде дека се ставил на местото на вистинскиот сопственик на среќката кој веројатно ја изгубил.
Откако веста се прошири низ медиумите, се пријави и “вистинскиот” сопственик кој тврди дека среќката е негова, но со оглед на тоа што не одговорил точно на сите прашања, не успеал да ги убеди официјалните лица на лотаријата, а сопственикот треба да знае и кога ова среќно ливче било уплатено.
Доколку во наредните две години не се појави вистинскиот добитник, парите би можеле да му припаднат токму на Гонзалес.