Наскоро пасоши и за музички инструменти


Музичарите кои сакаат да патуваат во странство во блиска иднина ќе мораат на царина да покажат пасош за својот музички инструмент.

pasos amerikИмено учесниците на конференцијата за глобален биодиверзитет, која моментално се одржува во главниот град на Тајланд, го разгледуваат предлогот на САД за новиот начин на царинска контрола на патниците, кои патуваат со музички инструменти легално направени од загрозени видови, како одредени егзотични видови на дрва, слонова коска и оклоп од желка.

Целта на овој предлог, како што појасни шефот на американската делегација Ден Еш, е да се олесни патувањето на музичарите, како и да се избегне евентуалната заплена на легално изработените музички инструменти.

Доколку биде усвоен овој американски предлог, патниците ќе мораат да носат пасош за својот инструмент.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1