Наставник загина за да не смрзнат децата од Ученичкиот дом, трагедија во Србија


Поранешниот наставник Миле Лазендиќ (43) од Апатин загина во обид да го поправи греењето во Ученичкиот дом за да не им бидат радијаторите ладни за време на големиот празник Свети Никола.

Тој бил одговорен за одржување на греењето во Техничкото училиште во Апатин и загинал во експлозијата на котелот за централно греење.pocina-nastavnik-srbija-640x429

Од страотната експлозија објектот во кој е сместен котелот потпопно е уништен, а работникот починал под рушевините.

Несреќата се случи во саботата навечер, на денот на славата Свети Никоа, кога Лазендиќ се одбидел да го отстрани дефектот зошто во објектите кои ги греел котелот немало греење.

-Тоа се случи околу 17:30. Слушнавме силна експлозија и кога излетавме од куќата, видовме дека се случила во кругот на училиштето, велат очевидци.

Обjектот на котларницата е стотина метри оддалечен од главната зграда на училиштето и малку подалеку од Ученичкиот дом. Потпрен е на зградата во која се одвива технички преглед на возила, а од спротива е работилницата за практична настава. Среќа во несреќа е што бил неработен ден и немало никој во кругот на училиштето.

-Работев во попладневната смена. Иако е викенд, работеше греењето поради Ученичкиот дом и спортските сали. миле забележа дека радијаторите се ладни и отиде да провери дали има дефект. Стравуваше учениците да не останат во студени соби и тоа токму на Свети Никола. Што потоа точно се случило, треба да открие истрагата, велат од училиштето.

-Со години предаваше металостругарство, а кога е укинат предметот, префрлен е на одржување на греењето и техничкиот преглед, велат соговорниците.

Оставил две деца

Соседите на Лазендиќ се уште не можат да поверуваат во трагедијата што се случи.

-Миле беше прекрасен човек. Вредно работеше, се трудеше околу семејството. Живееше тука, во улицата со сопругата Тина и две деца, син средношколец и ќерка која оди во основно училиштетш. Инаку детето оди во училиштето каде Миле работеше. Во приземјето од куќата живее неговиот тешко болен татко, кој е неподвижен. Него го чуваа Миле и Тина, велат соседите.

Лазендиќ денеска ќе биде погребан во 15 часот на градските гробиште во Апатин. Наставата во Техничкото училиште е откажана и не се знае кога ќе продолжи.

Печката редовно се сервисирала

На капијата од училитето од вчера се виори црно знаме, а во кругот во тишина работниците и еден багер ги расчистуваат урнатинтие. Новиот котел за греење поставен е пред четири години, а година дена подоцна изградени се и нови оџаци. Печката пред секоја грејна сезона редовно се сервисира.

-Ова беше трета сезона на работа на новиот котел на јаглен. Редовно се правеше сервис, секоја сезона. За тоа водевме сметка бидејќи добро знаеме колкава е опасност ако котелот е стар и запуштен, вели едне од колегите на Лазендиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1