Полицијата во Џакарта ги истражува наставниците на престижното меѓународно училиште поради сомнение дека сексуално ги злоупотребувале своите ученици.
Против чистачите во истото тоа училиште се води кривина постапка поради силување на шестгодишно дете, ученик на училиштето. Еден од сторителите на овој громорозен чин извршил самоубиство во притвор минатиот месец.
Ваквиот случај, кој бил откриен во април, ја шокирал целата земја! – Четворицата странски наставници ги обвинила една ученичка, тврдејќи дека систематски сексуално ја злоупотребувале. Извештајот бил доставен до полицијата која го истражува случајот.
Во меѓувреме, имиграционите власти на Индонезија соопштиле дека 20 странски наставници во тоа училиште немаат ни работна дозвола, па ќе бидат депортирани.Меѓу нив се и четворицата осомничени, а полицијата нема намера да ги ослободи додека не заврши истрагата.