НАТО соопшти дека прекинува „секаква практична цивилна и воена соработка“ со Русија поради руската окупација и анексија на Крим
Тие преку соопштение ја повикаа Русија „да преземе итни мерки за враќање кон почитување на меѓународното право“.
Алијансата, меѓутоа, одлучи да продолжи „да одржува седници на Советот НАТО-Русија на ниво на постојани претставници и на повисоко ниво“, се со цел да ја задржи можноста од дијалог со Русија.
НАТО и Украина во заедничко соопштение по средбата на нивните министри во Брисел, објавија дека ќе ја засилат соработката и ќе ги поттикнат реформите во областа на одбрана во Украина преку тренинзи и други програми.