Научник открил дека е психопат проучувајќи ги скеновите од сопствениот мозок (Фото)


Невронаучник, Џејмс Фелон, во својата канцеларија во 2005 година прегледувал ПЕТ скенови на луѓе кои патат од сериозни пореметувања кога наишол на приказ на мозок на психопат, само, единствен проблем било тоа што тоа била снимка од неговиот мозок

naucnikФелон, професор по психологија и човечко однесување на Универзитетот во Калифорнија, првите 58 години од животот ги преживеал верувајќи дека е добро прикладен средовечен човек, со ценета кариера и семејство кое го сака. Фелон во текот на растењето имал целосна подршка од своите родители, се оженил со љубовта на својот живот Дајен и имаат три деца.

Меѓутоа, тоа попладне,  Фелон сфатил шокантна вистина за семе, која ќе го натера да го преиспита својот идентитет. Тој ден,  Фелон прегледувал бројни слики од скенирани мозоци, кои биле дел од проектот кој истражувал сериски убијци.

article-0-199B7EB000000578-642_634x595-Гледав слики од мозоците на убијците помешани со шизофреници, депресивци и други, нормални мозоци- изјави тој.

Тој во исто време бил ангажиран и во студија во врска со Алцхајмер во рамки кои ги направил скеновите на мозоците.

Додека ги прегледувал сликите од тој проект, еден скен на мозокот се издвојувал покажувајќи слаба активности во деловите на мозокот задолжени за емпатија, морал и самоконтрола-сето ова биле карактеристики поврзани со криминално однесување.

Фелон потоа станал заинтересиран за идентитетот на личноста чиј мозок набљудувал, а на негово изненадување открил дека тоа е неговиот мозок.

Иако многумина би се обиделе да ја сокријат вистината, професорот го обелоденил своето сознание.

Фелон неодамна објави и книга под името „Психопат од внатре„ во која сака да објасни како маж и татко на три деца, исто така е психопат со исти генетски карактеристики кои ги поседуваат масовните убијци.

article-0-199B7EBC00000578-362_634x404-Никогаш не сум убил некого ниту силувал. Прво помислив дека мојата хипотеза е неточна и дека овие делови од мозокот не отсликуваат психопат или однесување кое може да доведе до убиство- вели тој.

Ова открие, дека  Фелон има бројни сличности со масовните убијци, не дошло како целосно изненадување до оглед на тоа дека е во далечно сродство со барем седум наводни убијци.По бројните генетски тестови откриено е дека поседува предиспозиција за агресија, насилство и ниска емпатија.
Она што ги одвојува познатите убијци е недостаток на сочувство кон другите, додека  Фелон не реагира и не ги следи своите агресивни тенденции.

article-0-199B958F00000578-9_634x471Многу е тешко да се одреди, што некого го прави психопат. Всушност тука се низа симптоми.  Фелон верува дека благодарение на неговото растење и подршка од семејството бил во состојба да излезе на крај со своето наследство.

-Ужасно сум компетитивен. Не им дозволувам на децата да ме победат во игрите и правам разни работи кои ги нервираат луѓето. Меѓутоа, повеќе би сакал да победам некого во расправија отколку во торба- изјави тој.

По ова неочекувано сознание,  Фелон започнал свесно да го менува своето однесување и се труди да се грижи за чувствата на другите-нешто што за него е целосно неприродно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1