Научник открил „рецепт” со кој ќе живее до 150 години


37 годишниот Алекс Заворонков е експерт против стареењето кој е убеден дека напредокот во медицината и здравиот начин на живот на современите луѓе ќе го продолжат човековиот век до 150 години. Заворонков е директор на Биогеронтолошка истражувачка фондација базирана во Лондон.

Британскиот експерт од руско потекло, кој специјализира медицина против стареење, тврди дека ќе ја доживее својата 150-та година, а планира тоа да го постигне така што ќе зема 100 лекови дневно, редовно ќе ја контролира крвната слика и ќе ја дава крвта на биохемиска анализа.doktор
Доктор Алекс Жаворонков е директор на Фондацијата за за биогеронтолошки истражувања и автор на книгата „Генерација на вечно млади: Како напредокот во биомедицината ќе ја трансформира глобалната економија“.

Жаворонков во јануари се обложил во милион долари со својот колега Дмитриј Камински дека ќе го надживее.

Напредокот во медицината и широката примена на антибиотиците ќе доведат до зголемување на животниот век – тврди Заворонков, кој за да ја тестира својата теорија, се посветил на специфичен начин на живот за кој смета дека ќе му донесе длабока старост.

Заворонков секој ден внесува стотина различни лекови и суплементи во својот организам. Редовно вежба, постојано прави контролни прегледи на крвта и општата состојба. Се вакцинира со вакцините кои се појавуваат во модерното време, и вели дека ќе мора да ја потисне желбата за брак, семејство и стекнување на материјално богатство, за да се посвети на истражувањето кое треба да доведе до запирање на стареењето.

Неговите коментари доаѓаат само неколку недели откако австриски истражувачи соопштија дека староста сега почнува дури на 74 години поради предностите на медицината и унапредувањето на здравјето.

Д-р Алекс Заворонков вели: Мислам дека и луѓето кои се над 70 години а се во добро здравје имаат шанса да доживеат до 150. Тие во младоста немале здравство како денешното и долговечноста им се должи на генетика, среќа и резистентност на стресот. За две – три години ќе имаме ефективни фармаколошки решенија базирани на одобрени лекови кои ќе помогнат луѓето да останат помлади и поздрави …

Според Заворонков најтешко ќе се справиме со психолошкото стареење.

– Во очекувањето за својот животен век луѓето се водат од староста која ја доживеале нивните предци и од просекот во земјата и не се подготвени бргу да ги сменат своите очекувања, па така психолошки се подготвуваат за старост.

Девојчињата кои се раѓаат годинава се очекува да доживеат 82,8 години, а момчињата 78,8 години. Но многу експерти за здравје веруваат дека луѓето кои ќе ги прифатат познатите интервенции против стареењето, ќе живеат многу подолго.

Едноставни промени во секојдневната рутина, како прошетки, исфрлање ан шекер, сол и мрсна храна, е доволно да се продолжи векот.

Но, многу е тешко луѓето да се убедат да направат мали промени во животот.

Во 1979 година, на пример, на 2 500 мажи им било речено да се придржуваат до едноставни правила во животот – да не пушат, да не пијат премногу, да јадат квалитетна храна, да вежбаат и да не дозволат да се здебелат. По 4 децении, смао 25 пензионери успеале да се држат до планот. И биле во многу подобра форма од „недисциплинираните“ врсници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1