Научник пред смртта објави: 18 вонземјани работат во американската влада


Научник од познатата „Област 51“ и службеник во владата, Бојд Бушман, на својата смртна постела изнесе една од најневеројатните и најнеобичните признанија некогаш. Тој ги откри наводните тајни на американската федерална влада, кои не се далеку од бројните теории за завери за вонземјаните, пишува „Игземинер“.

Бушман, кој е воздухопловен инженер, кој работел во големи компании како „Локхид Мартин“ и „Хјуз еркрефт“, пред смртта се одлучик да објави и забележи се што знаел за работата на американската влада со вонземјаните и тајната програма за неидетификуваните летачки објекти (НЛО).naucnik-500

Бушман умре на 7. август, но пред тоа даде интервју кое привлече многу внимание.

Тоа што е најмногу ја изненади јавноста  не е неговото тврдење дека НЛО-та се вистински, туку наводите дека во овој момент вкупно 18 вонземјани работат во американската влада.

Додаде и тоа дека некои од нив имаат по 250 години .

Исто така изјави дека американската влада со децении работи со вонземјаните и дека во текот на тој период, таа информација е чувана во тајна од пошироката јавност.

Бушман истакна дека во „Областа 51“ бил одговорен за примена на вонземјанската технологија во американската војска. Додаде и тоа дека вонземјанските летала биле навистина во облик на „летачки чинии“ и дека се широки 11.5 метри.

Бушман не е првиот службеник на владата, кој го поделил своето искуство од тајните владини установи, како „Областа 51“, меѓутоа тој е до сега, со најголем кредибилитет.

Фактот дека работел како воздухопловен инженер и тоа што своите тврдења ги изнел на смртната постела, додаваат одредена тежина, укажува „Игземинер“.

Бушман исто така направил неколку фотографии за кои тврди дека на нив се вонземјани кои работат во „Областа 51“ и изјавил дека некои од нив умреле додека работеле во оваа установа во Невада.

„Областа 51“ оперативна е од 1955. година, потсетува „Игземинер“ и од тогаш е во центарот на разни теории на заговор и шпекулации.

Иако тврдењата на Бушман се тешки за докажување, едно е сигурно – неговата снимка дефинитивно остава трага. Откако е поставена на 8. Октомври, до денес прегледана е преку 3. милиони пати.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1