Тим научници од Харвард откриле знаци кои индицираат постоење на древна Земја и тоа во рамките на обвивката на нашата, пишува themindunleashed.org.
Студијата преставена на конференцијата во Сакраменто тврди дека претходно необјаснетиот сооднос на изотопи од внатрешноста на Земјата може да биде “ехо” на древната Земја која постоела пред сударот со друго небесно тело, за кој се тврди дека довел до формирање на Месечината.
Според научниците, не се исклучува можноста дека станува збор за материјал кој постоел пред сударот. Се верува дека како резултат на истиот се стопил само дел од Земјата, како и дека во внатрешноста на нашата планета сеуште постои дел од древната Земја. Научниците го анализирале односот на изотопите на благородните гасови од внатрешноста на Земјата и изотопите кои се пронајдени поблиску до површината.
-Постои разлика помеѓу показателите на изотопите на благородните гасови во различни делови на Земјата и сето тоа бара објаснување. Идејата е дека катастрофалниот судар на Земјата не ја хомогенизирал Земјата во целост. Доколку теоријата се покаже како точно тогаш можеби гледаме во дел од древната Земја, изјавил професорот Сујо Мукхопадхуа, лидер на истражувачкиот тим.