Научници тврдат дека ги пронашле „Адам“ и „Ева“


Група научници тврдат дека го пронашле прататкото на сите денешни мажи, кој живеел пред 135.000 година, објави магазинот „Сајнс“.

adam evaСо новите истражувања на машкиот Ипсилон хромозом оваа група научници ги побиваат досегашните теории дека најстариот предок на денешниот човек живеел во периодот од пред 50 до 60 илјади години.

Во заклучоците од истражувањето се наведува дека новооткриениот „Адам“ живеел во истиот период кога и прамајката на сите жени, условно наречена „Ева“, но она што е интересно е тоа дека тие не живееле близу еден до друг и немале директни заеднички потомци.

Досега во научната јавност доминираше становиштето дека предците на современиот човек пред околу 60.000 години тргнале од Африка и почнале да го населуваат целиот свет. Според ова тврдење, прамајката на сите жени потекнувала од источна Африка.

„Адам“ и „Ева“ од истражувањето не се поврзани со истоимените личности од Библијата, туку имињата се искористени на сликовит начин да се посочат како предци на современото човештво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1