Според народните верувања, ако стомакот во бременоста е тркалезен и висок, тогаш жената очекува момче, а ако е широк и низок, ќе биде девојче.
Но, истражувањата потврдија дека големината на стомакот не е поврзан со полот на детето, туку градите. Бремените жени кои носат девојчиња имаат поголеми гради од оние кои очекуваат момче.
Градите на жените кои ќе имаат ќерка за време на бременоста се поголеми за два сантиметри од градите на жените кои носат момче.
Машкиот фетус произведува повеќе од хормонот тестостерон и троши повеќе од енергијата на мајката што влијае на помалиот раст на градите.