Научниците потврдија: Вонземен живот навистина постои (Видео)


Ако една група на научници е во право тогаш ситните фосили во метеорите кои се пронајдени во Шри Ланка во декември 2012 година се доказ за постоењето на вонземен живот.

vanzemaljci-vanzemaljac-1354229853-235551Во деталната студија наречена „Фосилни диатоми во новиот јаглероден метеор“ објавена во „Journal of Cosmology“ Шандра Викрамсинг тврди дека пронашле цврсти докази кои потврдуваат дека постои живот во универзумот.

Со електронски микроскоп се проучувале споменатите остатоци од големиот метеор кој паднал близу селото Полонарува во Шри Ланка на 29 декември.

Викрамсинг е директор на Бакингемскиот Центар за Астробиологија во Велика Британија, во декември, тој и неговите колеги ја откриле “микроструктурата и морфолошките карактеристика на различни копнени диатомеи.” Групата заклучи дека “присуството на структури од овој вид во било кој вонземен објект може да се толкува како јасен доказ за биологијата” – со други зборови, доказ за живот надвор од планетата Земја.

28.06vonzemjani1Викрамсинг и покојниот англиски астроном, Сер Фред Хојл заеднички развија теоријата позната како “panspermia”, која укажува дека животот постои низ универзумот и се дистрибуира преку метеори и астероиди.

„Заклучивме дека… идентификацијата на фосилизираните диатоми во овие метеори е цврсто утврдена и непогрешлива. Бидејќи овој метеор се смета за истребен дел од комета, идејата за микробски живот во кометите и теоријата за кометарна панспермиа е оправдана“ пишува во студијата.

Но за секое инзвонредно тврдење мора да има и критики за истражувањето на научникот и неговиот заклучок.

Астрономот Фил Плет, повика на испитување на валидноста на овие наоди.

“Викрамсинг е страстен поборник за (панспермиа). Поради неговата голема страст тој на секој вселенски објект му го придава атрибутот „живо“ “ пишува Плет. „Тој тврдеше дека пронајдените живи клетки во стратосферата доаѓаат од вселената. (Нема докази за тоа, а далеку е поголема веројатноста дека тие се копнени) ….

Викрамсинг бурно реагира на сè, со малку или воопшто докази, и вели дека тоа е од вселената, мислам дека е треба да се покрене постапка против него“

svemirПлет тврди дека диатомите кои Викрамсинг ги пронајде се „вид на алги, микробски растителен живот“ е само слатководен вид кој живее на земјата. Викрамсинг не одрекува дека метеорот содржел и слатководни диатоми.

„Но- има и најмалку половина дузина видови кои експертите за диатоми не беа во можност да ги идентификуваат“ вели Викрамсинг. Критичарите исто така сметаат дека метеорите кои се во прашање можно е да не се од вселената. Може да се само карпи од земјата?

Според Викрамсинг „Ова беше и претпоставка на геолозите од Шри Ланка кои први ја видоа карпата. Тие сметаат дека постои можност карпата да биде … дел од карпа која била погодена од гром. Ние ја испитувавме оваа можност и откривме дека е неодржлива. Од сите докази со кои ние располагаме, јас лично не се сомневам воопшто дека ова е камен кој паднал од небото. “

Пронајдоците и фотографиите се навистина контраверзни, но дали ќе се потврди оваа теорија останува да чекаме.

Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1