Научниците создадоа живо срце


Новото откритие во медицината ќе помогне во спасување милиони животи. Рускиот научник Константин Аглаѕе им помогна на јапонските биолози со помош на матични клетки за првпат да направат ткиво на живо човечко срце. Ова е успех не само за трансплантолозите, туку и за фармацијата: биовештачкиот орган ќе помогне и во тестирањето лекови.

Konstantin_Agladze_468Срцевиот мускул се формира во стадиуми. Прво клетките се собираат во пулсирачки разединети капки, кои потоа самите без надворешна помош се наоѓаат една со друга и се соединуваат во ткиво.

Со создавање на живи човечки органи научниците на Кјотскиот универзитет се занимаваат околу пет години. Четири години проектот го координира рускиот професор Константин Аглаѕе, шеф на лабораторијата за наноконструкција на комплекс белковини при научниот центар за Нанофизика на Московскиот физичко-технички институт.

Како извор за генетскиот материјал руско-јапонската научна група зела индуцирани матични клетки. Од нив е составен ембрионот во почетната фаза на развојот. Токму тие се претходници на органите на човековото тело.

Главно е да се сфати под кои услови се придвижува механизмот за формирање ткива. На научниците под раководство на професорот Аглаѕе им успеало да пронајдат хемиска супстанца која го придвижува механизмот за трансформација.

heart-attack-9_0

Од стотина индуцирани протоклетки, осумдесет стануваат срцеви клетки.

Оптималната температура за чување на клетките е 37 степени според Целзиус. За да се уверат дека ткивото на срцето е живо, потребно е тоа да се стави под електронски микроскоп. Со зголемување од неколку милиони пати се гледа како ткивото врши контракции.

Притоа мускулите работат самостојно, без надворешен стимулатор: 50-70 отчукувања во минута. Така изгледа ткивото на човечкото срце еден месец откако се добиени од матичните клетки. Постепено тие се здружуваат и го формираат ткивото на срцевиот мускул.

Според Константин Аглаѕе, конструираното срцево ткиво ќе се користи за две намени. Како прво на него ќе се тестираат лекови, а како второ, создадените клетки ќе можат да се имплантираат во болно срце.

Кога станува збор за вештачкото создавање живо ткиво за трансплантација, според мислењето на научникот, за тоа ќе бидат потребни 3-4 години. Оваа технологија во иднина ќе помогне да се спасат милиони човечки животи.

Руска реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1