Бременоста не се нарекува без причина поинаква состојба. Жената во периодот на бременоста, но и по породувањето доживува бројни физички промени.
Повеќето жени по породувањето сакаат да се вратат на старата телесна тежина, но постои еден дел од телото, кој никогаш не се враќа во првобитната состојба, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во списанието „American Journal of Physical Medicine and Rehabilitation“.
Станува збор за стапалата, кои за време на бременоста можат да се зголемат за цел еден број. Истражувањата на оваа тема покажуваат дека, тоа е трајна промена. Истражувачите ги тестирале промените на стапалата кај повеќе бремени жени и тоа за време на бременоста, по породувањето и една година по породувањето.
Лекарите веруваат дека за време на бременоста лакот на стапалата се израмнува, веројатно поради дополнителната тежина и зголемената количина на воздух во зглобовите. Во најновото истражување објавено во „American Journal of Physical Medicine and Rehabilitation“ експертите заклучуваат дека растот на стапалото е најверојатно трајна промена.
Интересно и дека најголемите промени на женското тело се случуваат во првата бременост, додека кај втората, третата и сите натамошни бремености нема толку големи промени, како што е растот на стапалата.