„Има уште многу песни што Наум Петрески ќе ни ги испее во иднина, на свој оригинален и маестрален начин и затоа тој е се’ уште „Грло ненапеано“, како што се вика неговиот нов албум по повод три децении успешна кариера“ – напишаа колегите новинари по промоцијата која се случи завчеравечер, среда, 7-ми декември 2016 во скопскиот ресторан „Рагуза“.
Организатор на промоцијата беше неговата продукциска куќа „Аворд продукција“, а водител на настанот, телевизиската водителка, Ирена Спировска, на која покрај албумот, се промовираше и видео записот за песната „Не си одиме рано“.
Vistina.mk