Наумов: Ставив потпис за еврообврзницата од 250 милиони евра, наместо на 500 милиони


Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Кире Наумов, кој е и дополнителен заменик министер за финансии денеска на прес-конференција во партиското седиште посочи дека е издадена четврта еврообврзница во износ од  250 милиони евра за буџетски потреби и дополнителни 20 милиони евра  строго наменски планирани за бегалската криза, наместо најавената еврообврзница од 500 милиони евра. kire naumov

– Успеавме, заедно со граѓаните, планираниот износ за еврообврзницата од 500 милиони евра да го преполовиме, рече Наумов и додаде дека СДСМ нема да дозволи заради неразумни трошења граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош.

Тој подвлече дека го ставил својот потпис за задолжување во висина од 250 милиони евра, средства неопходни за исплата на плати,пензии,социјална помош, субвенции за граѓаните на РМ.

– Странските банки, ги испочитуваа измените во Законот за Влада и не информираа дека без моја согласност, моја  и на актуелниот министер, согласно законот, нема да пристапат кон реализација на еврообврзницата, рече Наумов и додаде дека власта може да се обиде да го надомести предвиденото задолжување на домашниот пазар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1