Фрустриран од тоа што нема да има телевизиски преноси од натпревари на ирската фудбалска репрезентација за гледалиштето во Австралија, Дејвид Фини одлучил да ги откупи правата за телевизискиот пренос.
Фини, кој по потекло е до Даблин, контактирал пријател кој се занимава со телевизиски преноси пред да даде понуда до германската медиумска куќа Kentaro која ги имала правата за преносот.
„Рекоа дека мојата понуда е прениска, но дека е блиски бараниот пренос па го зголемив износот и тие се согласија” рекол Финли кој се здружил со лица коишто на своите канали емитуваат коњски трки па тие на својот канал ќе го емитуваат директниот пренос од спомнатиот фудбалски меч.
Фини, исто така, обезбедил и пренос од квалификацискиот натпревар на Англија во Украина, а до парите дошол така што подигнал хипотека на куќата. „Ме чинеше десетици илјади (австралиски) долари”, рекол и додал дека во целата приказна најтешко било да ја убеди сопругата. Неа беше најтешко да се убеди, но се согласи кога се договоривме дека каква и да е заработка ќе оди на нејзината сметка”, нагласил Фини./