Наводната ДНК за внуката измислена приказна – Киднаперите дел од ланец на трговија со луѓе


Тројцата киднапери кои во Белград ја киднапираа Маша Пренковиќ (2) биле ангажирани од страна на криминалци кои тргуваат со луѓе во Франција, пишува Блиц.

masa-kidnaperiii

Уапсените Кристел Емелин Еје (26) нејзината мајка Алексија Сандрин Горен Браншу (50) и очувот Себастијан Браншу (46) дошле во Србија на 12 март за да го киднапираат детето кое подоцна требало да биде предадено на организираната група. Киднаперите сакале да го продадат детето и тоа било договорено со криминалците кои се бават со киднапирање на луѓе. Киднаперите во Србија дошле со однапред подготвено алиби и подготвени документи за детето кое планирале да го киднапираат.

Во Романија каде што пртетходно престојувале, не можеле да киднапираат дете бидејќи немало слични на она кое го имале на документот. Тоа го потврдува и фактот што талкале низ Белград и застанувале на многу места. Штом ја здогледале Маша која личела на она дете од пасошот, извршиле киднапирање.

Дека се работи за луѓе кои се дел од организиран ланец на трговија со луѓе, потврди и министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1