Еуростандард банката престанува со работа. Народната банка им ја одзеде дозволата, затоа што не ги исполниле минималните законски услови. Утре до надлежниот суд ќе побараат отворање на стечајна постапка. Според гувернерката Бежовска, граѓаните кои имаат заштеди до 30 илјади евра, не треба да стравуваат – депозитите ќе ги добијат во целост. Останатите кои имаат над оваа сума – парите ќе ги чекаат од стечајната постапка.
„Согласно 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра, изјави гувернерката на Народната банка Анита Бежоска.
Банката изминатив период била под засилен надзор, а супервизорските тимови постојано констатирале висока изложеност на кредитен ризик. Ова значи дека се давале повеќе кредити од можноста на банката, без да се обезбеди соодветно покритие за нив. Побарале докапитализација, која банката не ја спроведила во целост, вели Бежовска.
„Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање“, рече Ангеловска-Бежоска на прес-конференција.
Со згаснувањето на Еуростандард нема да се загрози стабилноста на банкарскиот систем, уверува Бежовска. Инаку во Еуростандард беа вработени 170 лица.