НДП: Бејта ветува црква на Македонците во Гостивар за да гласаат против Руфи Османи


Oд НДП, информираат дека од неодмана е дистрибуиран флаер на македонски јазик со текст кој повикува на поддршка за Невзат Бејта кој ветил изградба на црква.

flaer– Неговата валкана игра ги надминува сите човечки, етички и морални норми и по штетата што ја направи во овие речиси 12 години од позиции на локална и централна власт, тој почнува да игра и на картата на нарушување на меѓуетничките и меѓуверски односи, користејќи и милитантен речник, стои во соопштението на огранокот на НДП Гостивар.

Од паријата чиј лидер е и кандидат за градоначалник, наведуваат дека флаерите по македонските домови ги делат активистите на ДУИ. Од изборниот штаб на НДП нагласуваат дека и покрај тоа, на летоците нема потпис, ниту стои кој ги печател.

– Апелираме до сите граѓани од општина Гостивар да не потпаѓаат под влијание на игрите на човекот кој е синоним за злоупотреби во Гостивар и чија единствена надеж за политички опстанок се манипулациите, стои во соопштението од НДП.

Libertas

flaer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1