Не чека пресврт: Доаѓа песок од Сахара и неверојатен скок на температурите


Под влијание на силно јужно и југозападно воздушно струење пред нас се денови кога атмосферата ќе биде исполнета со прашина и со песок од Сахара, анализира Славчо Поповски.

Foto – flickr.com

Според метеорологот ќе има неверојатно покачување на температурите за овој период од годината.

Ќе се искачуваат во интервалот дури од 22 до 28 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 30 степени, што значи дека температурите ќе рипнат и за 10 степен.

Еве ја прогнозата и од УХМР

Променливо облачно со почести сончеви периоди на североисток. Ќе биде ветровито и ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер најизразен на југозапад и долж Повардарието. Минималната температура од 1 до 7, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне, а преку денот ветерот од јужен правец ќе засилува. Температурата во интервал од 4 до 24 степени.

Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1