Една од најголемите желби на убиениот српски доктор Слободан Лукиќ била да се појави на улиците на Краљево со својот тромесечен внук, пишува Блиц.
– Само за тоа зборуваше, чекаше секој ден бебето малку да зајакне и да дојдат убави пролетни денови. Но за жал желбата не му се исполни – изјави за Блиц, сопругата Дана, со солзи во очите.
Хирургот Слободан-Дане Лукиќ е убиен во неделата наутро, пред својата зграда, во Краљево, враќајќи се од ноќно дежурство. Го уби пензионираниот поштенски службеник, Будимир Милосављевиќ (76), кој потоа се обиде да се самоубие, но преживеа.
Мотивот за убиството се уште не е познат, но се претпоставува дека Милосављевиќ го убил докторот Лукиќ, бидејќи умислил дека има тумор иако сите анализи покажале дека нема.