Не е поништена одлуката за поставување на крст во Бутел


Синоќа немало вонредна седница на Владата и нема одлука за наводно анулирање на одлуката на Советот на општина Бутел за поставување на крст, демантираат од Владата. Ова е целосна шпекулација, велат од таму.

Тотално неточна и невистинита е информацијата дека Владата ја поништила одлуката за поставување на крстот во населбата Бутел, реагираат од Владата.vlada mk

-Не е донесена таква одлука вчера воопшто и немаше седница. Во целост ја демантирам таквата шпекулација – вели Александар Ѓоргиев портпарол на Владата.

Активистите на ДУИ синоќа околу полноќ почнаа да го растураат кампот поставен на местото каде што општина Бутел планира да изгради крст. Од Партијата велат дека се повлекуваат за да им овозможат на православните христијани утре слободно да ги посетат гробиштата на Задушница, но ќе продолжат институционално да го решаваат проблемот и со помош на меѓународната заедница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1