Не е шега – заканата е вистинска: Човештвото може да го уништат астероидите


Ако не се вложат поголеми напори за откривање, пратење и евентуално уништување на астероидите, овие небесни тела може да го уништи човештвото, предупредуваат научниците. Лорд Мартин Рис, Брајан Кокс, Ричард Докинс и уште 100 експерти се состанаа во Лондон за да разговараат за најголемите закани за човештвото. Тие ги повикаа светските влади да направат заеднички напори да се создаде систем за откривање на астероиди и да се спречи оние со големи димензии да стигнат до Земјата.

kraj svet asteroid juiter

 

Тие усвоија декларација во која ги повика државите да ги преземат сите неопходни чекори за да се развие систем за следење на астероиди што се во близина на нашата планета, и дека следната година свечено ќе биде одбележан 30-ти јуни, кога астероидот  Тунгуска погоди во Сибир, и ќе биде прогласен за „Ден на астероидите“.Декларацијата ја потпишаа научници, уметници, астронаути и деловни луѓе од повеќе од 30 земји. Според нивното мислење, прогласувањето на Денот на астероидот, ќе помогне да се подигне свеста за опасностите од небесните тела што се наметнуваат за човештвото.

“Нашите предци биле во право кога верувале дека небото и движењето на космичките тела влијаат на животот на Земјата. Само не е во начинот на кој тие мислеа дека влијаат. Понекогаш овие небесни тела може да се судрат со нашата планета. Значи ние треба да ги најдеме пред тие да не најдат нас “, вели Рис.

Тунгиуска астероидот удри на 30 Јуни 1908, и тогаш беа уништени сите животински видови во радиус од 2.150 квадратни километри

“НАСА има направено одлична работа за наоѓање на оние големи објекти – оние кои ќе го уништи човечкиот род. Сепак, нема многу од овие големи астероиди и многу се мали шансите тие да претставуваат закана. Јас сум повеќе загрижен дека оние “средните”,кои ги има во поголем број би можеле да уништат цели градови и  да го спречат развојот на светската економија во период за наредни неколку стотини години “, изјави Ед Лу, астронаут кој веќе  три пати престојувал во Меѓународната космичка станица.

Доктор Брајан Меј, астрофизичар и гитарист на групата “Квин”, исто така, го поддржува планот.

“Колку повеќе дознаваме за астероидите и за тоа колкава штета можат да предизвикаат, ни станува јасно дека човештвото живее на кредит. Во моментов ние знаеме за помалку од еден процент од просторот во вселената или за 1 % од астероидите кои можат да се споредат со оној што падна на Сибир во 1908 година. Никој не знае кога би можел да се случи следниот голем удар, а нам ни треба само еден “, вели Меј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1