Не е точна информацијата дека непознати лица од Косово украле дете во „Рамстор“


На социјалните мрежи се појавија загрижувачки информации за случај во скопскиот трговски центар „Рамстор“ кога непознати лица од Косово украле дете додека мајка му пазарела во супермаркетот, пишува Република.

 

dete

Таа се свртела само на секунда и забележала дека и го нема детето. Благодарение на нејзината брза реакција, влезовите во Рамстор и гаражата биле затворени, а по извесно време детото било пронајдено во гаражата, во кола со маж и жена од Косово. Детето било потстрижано за да не биде препознаено и успиено за да биде тивко. Полицијата ги привела.

Исто така, се потенцира дека ова не е единствен случај, и во трговскиот центар „Сити мол“ е забележан ваков инцидент со Косовари, кој за среќа успешно бил решен.

Сепак поради фактот што ваква слична информација се појави и минатата година MKnews во текот на денот ќе се обиде да добие официјално инфо од МВР дали ваков случај навистина бил регистриран.

ОБНОВЕНО:

МKnews разговараше со МВР и според нивните евиденции случај на киднапирано дете во Рамстор не е пријавен досега.

И Рамстор Македонија испраќа демант за наводно киднапирање на дете во супермаркетот.

-Преку ова соопштениеофицијално ја информираме јавноста дека содржина на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина. Според увидот, единствен извор за објава на оваа вест е наводен статус на личен профил на социјалните медиуми што укажува на нејзината неверодостојност. Истовремено,  упатуваме апел за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивното објавување и консултација со организацијата чие име се користи, стои во соопштението на Рамстор.

И иако оваа приказна е повеќе фиктивна сепак пораката која ја испраќа да внимавате на вашите деца е на место. Никогаш не можете да бидете доволно претпазливи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1