Не ги фрлајте фискалните – сите фискални од 15 ноември па навака – важат за наградната игра


Сите фискални сметки издадени на граѓаните од 15 ноември до крајот на 2014 година ќе учествуваат во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, што ја организираат Министерството за финансии и Државната лотарија на Македонија.

fiskal-300x200Почетокот на наградната игра вчера го означи министерот за финансии Зоран Ставрески, кој истакна дека за да им излезе на граѓаните во пресрет, Министерството решило во лотаријата да учествуваат и фискалните сметки издадени по 15 ноември кога беше објавена наградната игра.

Наградниот фонд е збогатен – до крајот на 2014 година ќе бидат доделени три стана и исто толку дуќани, сите во Скопје, девет автомобили, како и ваучери во вредност до 3.000 до 60.000 денари. Ваучерите се поделени во шест категории и тоа аудио и видеоопрема, бела техника и мали кујнски апарати, мобилни телефони, фотоапарати и опрема, компјутери и компјутерска опрема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1