Не го оставам по никоја цена, викала девојката – другарите го држеле во раце – сведоштво за загинувањето на Атанас


Алпинистот Благојче Лазаревски сведок на трагедијата на Бабуна. Момчето паднало со лицето во водите на Бабуна, другарите го превртиле и буквално го чувале на раце на една карпа, барајќи спас за неговиот живот

 „Планината не простува грешки“, ова e првата мисла која ја сподели со нас битолскиот алпинист Благојче Лазаревски (56), човекот кој прв се обиде да му укаже помош на 24-годишниот Атанас, кој го загуби животот во бездна кај изворите на реката Бабуна.

atanas„Другарите го чуваа Атанас на раце, чекајќи помош. Момчето паднало со лицето во водите на Бабуна, другарите го превртиле и буквално го чуваа на раце на една карпа, барајќи спас за неговиот живот. Не сакаа да го придвижат, стравувајќи дека можеби му е повреден ’рбетот. Неговата девојка цело време беше до него. Сите беа во шок. Кога стасав до нив, децата чекаа одговор од мене, сакаа да слушнат дека има надеж за Атанас, да чујат дека не се случило најстрашното“, раскажува потресно искусниот алпинист.

Во првиот момент кај Атанас се почувствувал пулсот, што им ја вратило надежта на неговите другари и на девојката дека, сепак, ќе преживее.

„Сите беа во паника, ги предупредив дека треба да мислат на себе за да не се продлабочи трагедијата. Да се извести полицијата и спасителските служби да се реагира брзо. Сите прифатија, освен девојката на Атанас, која никако не можеше да се согласи да го напушти момчето. „Не го оставам по која било цена“, повторуваше девојката. Сепак, и неа ја заштитивме и ја однесовме до домот. Мракот веќе паѓаше, дојде и хеликоптерот, иако ние бевме подготвени ако не дојде соодветна помош, да останеме покрај Атанас“, вели Лазаревски.

Хеликоптерот ги спуштил спасителите за потоа сите заедно да помогнат да го испратат Атанас на носилка за Скопје. Тогаш официјално лице им кажало на младите планинари дека момчето е мртво. Веста била шокантна за сите. Атанас имал видливи повреди на главата, скршеници на рацете, на колкот, вилицата.

babuna - planinaЛазаревски се присетува дека уште при првата средба со младите скопски планинари, пред самите извори на Бабуна, битолчаните ги предупредиле да бидат внимателни зашто теренот е лизгав.

„Патот низ кој се движеа младите планинари оди низ карпа. Местото е стрмно. Карпата беше покриена со лисја. Момчето се лизна. Атанас беше во колона меѓу петмина планинари. Затоа сега се поставува прашањето дали некој ги предупредил дека на такви ризични места не се оди еден зад друг, туку се чека едниот да помине, па другиот да внимава на него. Второ, сите деца беа опремени со соодветна опрема, но, за жал, Ананас беше во патики, дали некој му кажал и зошто било така не знам“, вели Лазаревски.

Целиот текст прочитајте го во Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1