Не го погодил ливчето, па ја искршил кладилницата!


Страсните љубители на спортското обложување редовно се возбудуваат при секој натпревар кој го ставиле на личе.Гол, пенал, црен картон, па дури и корнер можат да бидат причина за големи нервози, но овој обложувач тоа го однел на друго ниво.
Имено, еден играч на овие игри на среќа, во саботата во Босна и Херцеговина претерал кога незадоволен од фудбалските резултати ја демолирал цела обложувалница.
sportska

Како што соопштуваат од Босанските медиуми, 50-годишниот З.К., од Бања Лука не успеал да погоди неколку обложувачки тикети, по што земал столица во раце и искршил пет телевизори во кладилницата Меридијан. За среќа, дел од играчите кои биле присутни го смириле за да не направи поголема штета, а набрзо стигнала и полицијата.

Во инцидентот нема повредени, а причинета е единствено материјална штета. Против З.К. ќе биде поднесена кривична пријава и воедно тој ќе мора да плати парична казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1